Поранешниот тренер на романската тенисерка Симона Халеп, Данијеле Добре, истакна дека таа самостојно ја донела одлуката да ги намали градите.

-Симона е многу силна личност. Сите одлуки поврзано со тренерите и кариерата ги донесе самостојно. Тое е чудно, бидејќи во Романија обично родителите одлучуваа за се поврзано со нивните деца. Кога имаше 14 – години, Симона кажа дека сака да оди во Букурешт за да тренира, бидејќи не го сакала тренерот кој тогаш го имала, туку некои друг, изјави Добре и додаде:

-Сама рече: „Ме боли грбот, ќе заминам на операција за да ги намалам градите. Многу е инспиративна кога треба да донесе важна одлука. Во текот на 12 години колку што ја познавам ниеднаш нема задоцнето, а разговорите кои сме ги правеле не ги заборава и оркако ќе поминат неколку месеци, некогаш  и години.

Халеп досега во кариерата има освоено две грен слем титули – Ролан Гарос во 2018 година и Вимблдон една година подоцна. Има 28 години и вкупно 20 трофеи во кариерата, а моментно е втора на ВТА листата.

Интересно за тенисерката родена во Консатнаца е тоа што е една од најниската на ВТА турнирите со само 168 сантиметри, но тоа не и пречи да се надигрува и со десетина сантиметри повисоките колешки од неа. Многу е брза, а тоа се должи на намалувањето на градите. Нејзините најголеми успеаси во овој спорт дојдоа по намалувањето на големите гради.