Симона Халеп на пуст остров би го понела Федерер

90

Романската тенисерка Симона Халеп, кажа со кого сака да биде на пуст остров. Таа со себе би го понела Швајцарецот Роже Федерер.

  • Јас со мене на ненаселен остров би го зела Федерер. Ми се допаѓа Роже и како тенисер и како личност. Би било многу убаво да се помине извесно време со него и да извлече нешто од неговото искуство и знаење. Секогаш можете да научите нешто од најголемиот спортист, изјави Халеп за „Тенис Ворлд“.

Романката во моментов е втора на ВТА ранг листата на светски тенисерки.