Силно невреме го зафати регионот, во Белград паѓаа дрва и бандери/ВИДЕО

625

Невреме проследено со силен ветар го зафати денеска балканскиот регион. Олујниот ветар предизвика штети во повеќе делови на Хрватска, каде има откорнати дрва, оштетени кровови и првевртени возила. Поради олујниот ветар Хрватскиот хидрометереолошки завод издаде црвен аларм за целото хрватско приморје, јавуваат хрватските медиуми

Снежните вржнежи проследени со силен ветар им предизвикуваат проблеми на возачите на територијата на БиХ.

Врнежи од дожд, град и силен олуен ветар предизвика хаос во Србија. Белград денеска беше погоден од силно невреме. Во некои делови од градот има откорнати дрвја и бандери што предизвика и хаос во сообраќајот. А, големи штети од невремето има и во Нови Сад.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by mojnovisad.com (@mojnovisadcom)


Обилни вржнежи од снег проследени со ветар има во планинските предели на Србија, особено на Златибор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 192.RS (@192_rs)