Силно емотивно! Татјана и Маријана ја расплакале Росана

247

Додека низ целата планета веќе една година владее пандемијата поради која скоро никој никаде и не патува, луѓето се свикнале да живеат вака или така секој на свој начин, таму каде што судбината им ги испишала патоказите.

Тоа е и во случајот на познатите македонски пејачки Татјана Лазаревска и Маријана Новачевска (екс-Сариќ), (сестрата на Росана Сариќ-Тодоровска). Тие долги години живеат во Австралија, а таму е сега жешко лето.

Спасот од горештините добрите другарки заедно во дует го најдоа на една од плажите, а во дует заедно и запеаја на плажата.
И тоа некогашен голем хит „Едно срце имам душо“, песна која на времето ја пееле сестрите Росана и Маријана. Пејачките воедно заедно позираат на плажа, атрактивно облечени во минимални бикини прекриени со мрежест фустан и со големи летни шапки и црни очила за сонце.

На сето ова искоментира и самата Росана, сестрата на Маријана, од тука во Скопје: -„Златни мои… Ај, бегајте таму ме расплакавте“!  Шмрррццц!!!   Д.М.