Силен земјотрес денеска го погоди Чиле, а засега нема информации за предизвикана голема материјална штета.

Земјотресот бил со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала.

Според германскиот центар за геолошки истражувања, земјотресот го погоди крајбрежниот дел на централниот дел на Чиле, а епицентарот бил на длабочина од околу 10 километри под површината.