Силен ветер и врнежи денеска, од утре топло

87

Силниот северен ветер кој дувa, особено вдолж Повардарието и краткотрајно достигнува брзина над 90 километри на час,  услови осетно намалување на дневната температура, особено на северот, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Според прогнозата на УХМР, од утре ќе следува сончево време со повторен пораст на дневната температура, но со посвежи утра. За време на викендот,  пак, локално ќе има појава на зголемена облачност со услови за краткотраен дожд.