Силвестер Сталоне реши да проговрои за разводот и за помирувањето со сопругата Џенифер Флавин за помалку од еден месец. Славниот холивудски актер откри дека разделбата со сопругата „му ги отворила очите“.

„Во мене одеднаш се пробудија емоции кон она што е повредно од се, а тоа е љубовта кон моето семејство. Тоа е поважно и од мојата кариера, иако ја научив лекцијата на потешкиот начин“ – откри Силвестер Сталоне, откривајќи дел од својот приватен живот во интервјуто за The Sunday Times.

Ѕвездата на филмовите за Роки и Рамбо, проговори и за тоа колку жали шти поради кариерата за своите деца бил отсутен како татко, додавајќи дека сега се обидува повеќе да се вклучи во нивниот живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

„Сега постојано ги прашувам моите ќерки како го поминале денот. Едната еден ден ми рече дека размислувала за мене. Никогаш порано не сум го слушнал тоа од неа. Но кога ќерката знае дека се грижиш за неа, ќе биде тука за тебе цел живот“ – истакнува актерот.

Неговиот најстар син Сејџ од првиот брак, почина од срцев удар во 2012 година на 36-годишна возраст, неговиот втор син Серџео, кој има аутизам, настојува да го заштити од медиумите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sly Stallone (@officialslystallone)

Силвестер Сталоне (76) има и три ќерки со неговата втора сопруга Џенифер Флавин (54. Тие се разделија во август годинава по 25 години брак. Џенифер тогаш изјави дека е тажна што поднесува барање за развод од Сталоне и дека тие ќе останат во пријателски односи.

Но, Силвестер Сталоне и неговата сопруга не остана долго разделени. По неполн месец се откажаа се смирија и се откажаа од разводот. Американските медиуми пишуваа дека двајцата разговарале во својот дом и ги решиле своите несогласувања.