Силва партнер на Фалкао

111

Францускиот гигант Монако најверојатно ќе биде следната дестинација на португалскиот интернационалец од редовите на италијанскиот калчолигаш Милан, Андре Силва.

Младиот напаѓач изминатата сезона ја одработи како позајмен фудбалер во дресот на Севилја но шпанскиот клуб не сакаше да го откупи неговиот договор.

Португалецот се закани дека ќе си замине од Милано доколку не добие гаранција дека во новата сезона ќе има поголема минутажа но таква гаранција се уште нема добиено од новиот предводник на „росонерите“, Марко Џампаоло.