Португалскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, откри дека сите опции се во игра кога е во прашање неговата клупска иднина. Офанзивниот играч за врска призна дека конечната одлука ќе ја донесе откако ќе ги одигра финалните натпревари во Лигата на шампиони и англискиот ФА Куп, а најголем интерес за неговите услуги покажуваат челниците на ПСЖ и на Барселона.