Силва е се поблиску

64

Ако им се верува на британските медиуми, тогаш премиерлигашот Евертон е на добар пат да излези како победник во трката по потписот на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Тијаго Силва. Откако ќе заврши актуелната сезона, централниот дефанзивец ќе има статус на слободен фудбалер и ќе може да се пресели на „Гудисон парк“ без никакво обештетување. Доколку ја прифати понудата на Евертон, Силва ќе си обезбеди годишна плата од 6 мил. фунти.