Светскиот шампион во тешка категорија, во ВБЦ верзијата Дионтеј Вајлдер верува дека би можел да му парира на Мајк Тајсон од неговите најдобри години во рингот.  Вајлдер (34) се спореди со формата на Тајсон во една од најдобрите години на легендарниот Американец, 1986.

-Јас против Тајсон од 1986? Сигурно би го победил тој човек. Знам дека луѓето секогаш ја споредуваат старата со новата школа, но сериозно кажувам дека не постои таква школа која што не можам да ја добијам, изјави Вајлдер.

Вајлдер на 22. февруари во Лас Вегас го очекува мегапресметка против Тајсон Фјури. Многу брзо дојде и одговорот од Тајсон.

-Не знам дали би го победил или не, но ми се допаѓа како размислува. И јас размислувам на тој начин. Така и треба да размислува затоа што е светски шампион во тешка категорија, а тоа е нешто посебно – изјави Тајсон, а воедно додаде и дека не би можел да каже дали бо го победил Вајлдер доколку се случела борбата со него во периодот додека се уште беше активен во рингот.