Шпанскиот кошаркарски гигант, екипата на Реал Мадрид, славеше на свој терен, против Панатинаикос со 83:68, на натпреварот од 22. коло од Евролигата.

Реал беше предводен од Гершон Јабусел со 16 поени и седум скока, додека на спротивната страна, прво име беше Парис Ли со 17 коша.

Реал има 15 победи и седум порази, а Панатинаикос осум триумфи и 14 порази.

Во следното коло, Реал му гостува на Монако, а Панатинаикос на Басконија.

До победа дојде и тимот на Анадолу Ефес, кој на домашен терен беше поефикасен од Жалгирис со 80:70, додека Монако како гостин ја совлада Алба од Берлин со 84:102.