Сигурдсон до 2020 во ПСЖ

54

Францускиот ракометен гигант Пари Сен Жермен по заминувањето на Уве Генсхајмер го официјализира трансферот на исландската ракометна легенда  Гудјон Валур Сигурдсон. Иако има скоро 40 години, управата на „светците“ реши да му ја даде довербата на Исланѓанецот и да го врзе во „градот на светлината“ до 2020 година.

  • Одлучив да дојдам во ПСЖ затоа што во изминатите години е еден од најдобрите клубови во Европа. Едвај чекам да дојдам во новата средина, да ги запознаам новите соиграчи и да го направам новиот чекор во кариерата. Имам амбиција уште да освојувам трофеи, изјави Сигурдсон.

Исланѓанецот има богата ракометна кариера, во која играше за најголемите клубови во светот – Кил и Барселона.