Австралиската пејачка и текстописец Сиа Фурлер призна дека станала баба, еден месец откако во интервјуто зa „The Morning Mash Up “ потврди дека е мајка, бидејќи минатата година посвои два сина.

—  Мојот помлад син само што стана татко на две бебиња. Јас сум  баба,  се пофали Сиа.

Имено, нејзините синови ја надминале старосната граница на децата за кои се грижи социјалната служба.

– Јас посвоив два сина минатата година. Тие двајцата имаат 18 години, а сега имаат 19 и многу ги сакам.

Сиа

Поп ѕвездата откри како нејзиното семејство се справувало во време на пандемијата и објасни дека  на еден од нејзините синови многу му било тешко да се навикне на затворен живот во куќа, со оглед на тоа што ништо не работел за време на кризата. А, неодамна  откри дека нејзиниот постар син ѝ соопштил дека е геј, но смета дека тоа е одраз на неговата храброст, па додаде дека многу го сака токму поради тоа.

Инаку пред некое време  таа  за магазинот „GQ“ изјави дека не сака сериозна љубовна врска со никого. Пред тоа, Сиа беше во брак со продуцентот Ерик Андерс Ланг од 2014 до 2016 година, а тие заедно немаа деца.