СЗО подготвува упатства за намалување на ширењето на мајмунската сипаница

281

Светската здравствена организација (СЗО) работи на дополнителни упатства за ублажување на ширењето на мајмунски сипаници, поради загриженоста дека бројот на случаи би можел дополнително да се зголеми во текот на летните месеци, изјави денеска Дејвид Хејман, претседател на Стратешката и техничка советодавна група на СЗО за опасностите од пандемијата и епидемискиот потенцијал.

Работната теорија на СЗО, врз основа на досега идентификуваните случаи и наводи, е дека епидемијата е предизвикана од сексуален контакт, изјави Хејман за Ројтерс.

Сипаниците, кои досега главно се регистрирани во Западна и Централна Африка, се ретка вирусна инфекција, слична на сипаницата, иако во поблага форма.

Вирусот првпат беше регистриран во ДРК во 1970-тите, а бројот на случаи во Западна Африка се зголеми во изминатата деценија.

Симптомите вклучуваат треска, главоболки и осип кој започнува на лицето и се шири на други делови од телото.

Епидемијата во 11 земји каде што феноменот не е ендемски е многу невообичаен, велат научниците.

СЗО денеска претходно објави дека досега се потврдени околу 80 случаи на мајмунски сипаници во најмалку 12 земји, а се истражуваат уште 50 сомнителни случаи.

Случаи на таа инфекција се потврдени во девет европски земји, како и во САД, Канада и Австралија, јави Би-Би-Си.

Хејман, професор на Лондонската школа за хигиена и тропска медицина, рече дека експертите најверојатно ќе им дадат повеќе насоки на земјите во наредните денови.

Здравствените власти од неколку земји предупредија дека бројот на случаи може дополнително да се зголеми на големите летни собири и фестивали.