СЗО: Од почетокот на пандемијата, 325 милиони заразени со Ковид во светот

29

Вкупниот број на потврдени случаи на Ковид-19 во светот надмина 325 милиони, а бројот на починати 5,53 милиони, објави Светската здравствена организација (СЗО).

Бројот на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во текот на изминатиот ден во светот е околу 2,7 милиони, а бројот на починати пациенти со Ковид е зголемен за 6.916, пренесува ТАС С.

Според СЗО, најголем број случаи на инфекција со коронавирус е забележан во САД (64.720.612), Индија (37.380.253), Бразил (22.975.723), Велика Британија (15.217.284) и Франција (13.819.182).

Најголем број смртни случаи меѓу пациентите со Ковид е забележан и во Соединетите Американски Држави (843.718), Бразил (620.971), Индија (486.451), Русија (321.990) и Мексико (301.334).