СЗО: На 17,7 милиони луѓе во Украина им е потребна некаква помош, 7,5 милиони Украинци се раселени

129
EPA-EFE/OLEG PETRASYUK

Во извештајот на Светската здравствена организација (СЗО) за хуманитарната криза во Украина се наведува дека на 17,7 милиони луѓе им е потребна некаква помош, а 7,5 милиони украински бегалци се раселени низ Европа.

Извештајот на генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус беше претставен пред извршниот комитет на организацијата, во кој членуваат претставници на Русија и САД. Извештајот се занимава со настаните што се случија во првите девет месеци од 2022 година.

Во извештајот се документирани повеќе од 14.000 цивилни жртви. Од 471 напади со тешко оружје врз здравствени установи ширум светот, 448 се случиле во Украина, се вели во извештајот на СЗО.

Рускиот претставник во комитетот на СЗО го нарече извештајот политизиран и едностран.