СЗО: Можеби никогаш нема да го најдеме нулта пациентот

45

Светот можеби никогаш нема да најде „нула пациентот“ во потрагата по потеклото на Ковид-19, изјави денеска Марија Ван Керхове, техничката шефица на Светската здравствена организација за оваа болест.

Тимот на СЗО што го истражува потеклото на Ковид-19 треба да одржи виртуелни состаноци со своите кинески домаќини во Вухан, каде прво се појави пандемијата пред повеќе од една година.

Извор:МИА