СЗО загрижена од високото ниво на пренос на коронавирусот меѓу невакцинираните во Северна Кореја

65

Официјалниот претставник на Светската здравствена организација Мајк Рајан изјави денеска дека високото ниво на пренос на коронавирус меѓу невакцинираните луѓе, како што е случајот во Северна Кореја, создава поголем ризик од нови варијанти на вирусот.

-Секако дека е загрижувачки доколку земјите не ги искористат средствата што сега се достапни, рече директорот за вонредни ситуации на СЗО, Мајк Рајан, одговарајќи на прашање за епидемијата во Северна Кореја, пренесуваат британските медиуми.

Рајан потсети дека СЗО во неколку наврати соопшти дека таму каде што има непроверена трансмисија, секогаш постои поголем ризик од нови варијанти.