СЗО бара да се интензивира вакцинацијата поради Омикрон

34

Државите треба да ги преиспитаат своите одговори на Ковид-19 и да ги забрзаат програмите за вакцинација за да се справат со сојот Омикрон, иако е рано да се каже колку постоечките вакцини ќе заштитат од новата варијанта, соопшти денеска Светската здравствена организација.

Глобалното ширење на варијантата Омикрон сугерира дека може да има големо влијание врз пандемијата на Ковид-19 и треба да се спречи пред да бидат хоспитализирани повеќе пациенти, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Ги повикуваме сите земји да го зголемат надзорот, тестирањето и секвенционирањето. Секое самодокажување сега чини животи, рече тој на прес-конференција во Женева.

СЗО ги коментираше наодите на Фајзер и Бионтек за ефикасноста на нивната вакцина против сојот Омикрон, откако фармацевтските компании соопштија дека нивните три дози вакцина против коронавирус за време на лабораториски тест покажале дека имаат неутрализирачки ефект против сојот Омикрон, и дека по две дози се создаваат помалку неутрализирачки антитела.

Предупредувајќи на избрзани заклучоци од испитувањата, главната научничка на СЗО, Сумија Сваминатан, рече дека е рано да се каже дали намалувањето на неутрализирачките антитела значи дека вакцината е помалку ефикасна.

– Ние не го знаеме тоа, рече Сваминатан, додавајќи дека се потребни координирани глобални истражувачки напори.

СЗО, исто така, најави дека во рок од неколку дена ќе објави преглед на својот став за бустер дозите, но дека со загрижувачки ниските стапки на вакцинација во поголемиот дел од светот во развој, и примената на примарни дози наместо бустери останува нејзин приоритет.