Се јави познатиот татко на пејачката Хана Хуљиќ, Тончи Хуљиќ за врската на својата ќерка со Петар Грашо: “Ако децата ни се среќни, тогаш јас и сопругата сме најсреќни“

1793

Веста што го раздрма естрадниот Балкан е секако за новата љубов на мегапопуларниот Петар Грашо. Тој е со 31-годишната пејачка Хана, која е инаку ќерка на хит-мејкерот Тончи Хуљиќ. Врската се случи набргу по раскинувањето на Петар со Данијела Мартиновиќ, популарната сплитска пејачка.
По ова се јави и таткото на Хана,Тончи Хуљиќ, некогашниот шеф на групата “Магазин“ коментирајќи го настанот помеѓу ќерката и Грашо.

– Разбирлив ми е интересот на публиката и медиумите за Хана и Петар. Но никогаш јас јавно не раскажувам за приватниот живот како на своето семејство, така и за изведувачите со кои работам. Петар и Хана имаат слични ставови кон презентирањето на личниот живот во медиумите, а Петар е и голем наш семеен пријател. Ако децата ни се среќни, а колку што гледам се среќни, тогаш јас и сопругата Вјекослава сме исто така среќни, најсреќни, кусо објасни.                                                                         Иако заедно се видени во Сплит и Загреб, кога се и сликани од тамошните папараци, ниту Хана ниту Грашо не ја коментираат љубовната врска. (Д.М.)