Швајцарскиот тенисер Роже Федерер во август ќе наполни 39 – години, а веќе долго време го испраќаат во пензија, но тој не се предава и најави дека ќе одигра барем уште една цела сезона.

-Се чувствувам како да сум на проштален турнир уште од 2009 година, тогаш го освоив Ролан Гарос и луѓето зборуваа: „Направи се.“ Потоа го совладав Енди Родик во финалето на Вимблдон и го урнав рекордот по бројот на освоени грен слем титули. Потоа се родија близначките и луѓето повторно зборуваа: „тоа е тоа“. Но јас размислував во стилот: „Не баш, чувствувам дека имама се уште време.“ Така ќе биде се додека знам дека не преземам никакви долгорочни ризици по своето здравје, изјави Федерер и додаде:

-На децата им оди одлично, мојата сопруга е среќна што јас се уште го сонувам својот сон и успеваме сите патувања да ги направиме со семејството. Се уште имам голема страст да играм, мислам дека можам да се натпреварувам со најдобрите и да ги освојувам најголемите титули.

Федерер досега во кариерата освои 20. грен слем титули, последната на Австралија опен во 2018 година.