Се чисти одводниот атмосферски канал во село Муртино

39

Екипи на „Водовод“ и „Канализација“ при ЈПКД „Комуналец“ почнаа со чистење на одводните атмосферски канали од двете страни на главната улица во село Муртино.

– Акцијата ќе трае до крајот на месецот и е планирано да се исчистат одводните канали од калта што се наталожила за време на есенскиот и зимскиот период – информираат од струмичкото Комунално претпријатие.

Оттаму апелираат до сите граѓани од населеното место Муртино отпадот да го фрлаат во поставените канти за отпадоци, а сите возачи кои го користат овој патен правец да бидат внимателни поради присуство на луѓе и механизација на овој патен правец.