Се чисти Новоселскиот канал

79

Во соработка со АД ,,Водостапанство“, Подружница-Скопско Поле, Општина Ѓорче Петров започна со расчистување на Новоселскиот канал.

Се чисти должина од 6.000 метри, на потегот од влезот од река Лепенец во Волково, до излезот во Лепенец, близу пречистителната станица во Ново Село.

Во моментов се приспособува теренот за пристап на механизација.

-Со овие активности, земјоделците добиваат сигурен доток за наводнување на своите посеви, а се избегнува и опасноста од поплави и излевања на атмосферските води-потенцираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски , во насока на заштита на функционалноста на каналите, апелира до граѓаните да се грижат за каналската мрежа, да не ги затрупуваат, да не фрлаат отпад како и да не поставуват објекти покрај нив кои би пречеле на фунционалноста.