Се чисти кејот на Вардар од мостот во Хром до мостот во Сарај

460

Градот Скопје во соработка со Општината Ѓорче Петров почна голема акција за темелно чистење на кејот на Вардар, на потегот од мостот во Хром до мостот во Сарај, во должина од околу четири километри.

– Изминатава година интензивно работиме на кејот. Она што повеќе децении било запоставувано од претходните градски администрации сега темелно го работиме. Одиме чекор по чекор, со цел кејот да го добие сјајот што го заслужува. Заедно со Општината Ѓорче Петров работиме на целосно и темелно чистење и облагородување на просторот, со цел тој да им послужи за рекреација и разонода на граѓаните од Ѓорче Петров и од Сарај. Да не заборавиме и дека се уште сме среде пандемија и секој добро осмислен и обновен јавен простор е добредојден за сите – нагласи скопскиот градоначалник Петре Шилегов.

Тој ги повика и другите градоначалници на општините, низ кои поминува реката Вардар, да се вклучат со свои ресурси, со цел што е можно побрзо да се врати сјајот на кејот. Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски,  потенцираше дека акцијата се спроведува пред да почне пролетта за на граѓаните да им се обезбеди место за оддишка.

(А.П.)