Се чека само ДА од Игуаин

68

Раководните лица на Јувентус и Рома постигнаа договор околу трансферот на аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин.

Италијанските медиуми открија дека двата клуба постигнале договор околу обештетувањето, но се уште се чека конечниот одговор на искусниот напаѓач кој доколку се пресели на „Олимпико“ ќе има годишна плата од 4.5 мил. евра.

Рома прво за 6 мил. евра ќе го позајми поранешниот фудбалер на Реал (М), Наполи и Милан, а потоа на крајот од сезоната ќе го откупи неговиот договор со понуда не помала од 27 мил. евра.