Се чека одлука од Судот за притвор на четворицата осомничени од УБК

53

Четирите лица кои како вработени во УБК од 2007 до 2017 година го оштетиле државниот буџет и за кои попладнево Јавното обвинителство соопшти дека е побаран притвор, во моментов се наоѓаат пред судија на претходна постапка, потврдија за МИА од ЈОРМ.

Се чека одлуката на Судот дали лицата ќе бидат притоврени, за што јавноста, како што нагласија од ЈОРМ, дополнително ќе биде известена.

Некои медиуми попладнево објавија дека Тони Јакимовски, поранешниот шеф на кабинет на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков, кој е еден од четирите лица за кои Обвинителството поведе истрага, пред малку е уапсен по барање на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска издаде Наредба за спроведување истражна постапка против четири лица осомничени дека како вработени во УБК ја злоупотребиле својата службена положба и го оштетиле државниот буџет за 50.670.000 денари.

Ценејќи дека се исполнети условите, надлежниот јавен обвинител до Судијата за претходна постапка при Основниот суд Скопје1 – Скопје, достави предлог за мерка – притвор за осомничените.