Се уште чувствувам страшни последици од коронавирусот

1094

Бугарскиот тенисер Григор Димитров, првпат отворено зборуваше за проблемите со кои се соочил заради коронавирусот.

После шокантната објава дека тој е заразен со коронавирус на „Адрија турот“ во Задар, во истиот момент турнирот беше прекинат. Димитров од овој турнир се повлече поради повреда на лактот и веднаш по пристугнувањето во Монао (каде што живее), соопшти дека е позитивен на „Ковид 19“, а сите учесници беа тестирани. Позитивни беа тестовите на Борна Чориќ, Новак Ѓоковиќ…

Затоа многумина го обвинуваа Бугаринот дека ги криел симптомите на вирусот во Задар и така ги загрозил останатите учесници. Тој во меѓувреме успеа да се избори со вирусот и одлучи отворено да зборува за ситуацијата со која се соочил.

-Се уште не сум спремен да се натпреварувам на врвно ниво. Моето движење се подобрува, опоравувањето оди во добра насока, но не е едноставно да се опоравите од коронавирусот. Тој период додека бев заразен, за мене беше многу тежок. Цел месец останав дома имав потешкотии со душењето, не се чувствував добро, постојано бев уморен. Ги имав сите симптоми, го загубив мирисот и вкусот, веривајте тоа не беше нималку забаво. Сега можам да кажам дека сум среќен што повторно сум на терен, изјави Димитров и додаде:

-Се уште не се чувствувам подготвено. Еден ден можам да играм со саати, а другиот ден морам да се одмарам, едноставно само се гасам. Воопшто не е важно колку сте ментално силни во тој период, водите разни битки во својата глава. Сами сте затворени дваесетина дена во куќа, а тука се што ви поминува низ глава. Поминав преку 5000 часа сам дома. Тоа е мојата најголема порака, не смееме да ја потцениме го потцениме менталното здравје во кое се наоѓаме, заврши Димитров.