Граѓаните кои живеат во близина на парцелите каде треба да се градат четири висококатници уште од поодамна предупредуваа дека местото нема да може да ги издржи објектите на толку мал и пренаселен простор со индивидуални куќи, поради што во неколку наврати протестираа. Бараат одговорност за загрозување на личната безбедност и нивниот имот и очекуваат дека последнава случка со паѓањето на потпорниот ѕид (и претходно имало таков случај), ќе ги освести не само инвеститорите да се откажат од проектот кој, според нив е мегаломански, туку и ќе ги натера надлежните во општина Кисела Вода да си ја преиспитаат одлуката со што што му го издале одобрението на градење на сопственикот и ко-инвеститор Љупчо Продановски кој заедно со фирмата „Топ метал“ го реализираат овој проект

Портпорен ѕид се урна во Пржино. Но за среќа, нема поврдени или жртви. Инспектори од општина Кисела Вода излегоа на терен за да ја проценат материјалната штета. Од општината информираа дека Секторот на инспекциски работи на Општина Кисела Вода извршил увид на терен  по што, ќе биде изготвен записник и решение.

– Во моментов, укажано е да се сопрат сите други градежни активности, освен заштита на градежна јама – велат од прес-службата на општина Кисела Вода.

Граѓаните кои живеат во близина на парцелите каде треба да се градат четири висококатници уште од поодамна предупредуваа дека местото нема да може да ги издржи објектите на толку мал и пренаселен простор со индивидуални куќи, поради што во неколку наврати протестираа.

Бараат одговорност за загрозување на личната безбедност и нивниот имот и очекуваат дека последнава случка со паѓањето на потпорниот ѕид (и претходно имало таков случај), ќе ги освести не само инвеститорите да се откажат од проектот кој, според нив е мегаломански, туку и ќе ги натера надлежните во општина Кисела Вода да си ја преиспитаат одлуката со што што му го издале одобрението на градење на сопственикот и ко-инвеститор Љупчо Продановски кој заедно со фирмата „Топ метал“ го реализираат овој проект.

Сопсвеникот на „Топ метал“, Атанас Исајловски, во изјава за весникот ВЕЧЕР потврди дека е паднат потпорниот ѕид кој граничел со дупката која е направена за градење на објектите.

– Не е толку драматично како што се претставува. Станува збор за греда до потпорниот ѕид што е изграден во 1960 година без арматура. Се урна во нашата парцела во средата околу 18 часот. Дојдоа од општина Кисела Вода, направија увид и рекоа дека ќе ја известат јавноста. Ние чекаме да ја отстранат бетонската бандера од Телеком и да направиме нов ѕид, за да можеме да продолжиме со градежните активности – истакна Исајловски.

Тој вели дека имаат три години проблеми со граѓаните бидејќи не им даваат да градат.

– Комодитетот им е наруштен со влегувањето на камионите до градилиштето. Ама ние имаме одобрено сообраќајно решение за користење на уличките и целокупна документација, така што се што работиме е законски и легално – уверува Исајловски.

Според него, четири катастарски парцели се споени во една градежна парцела и на неа ќе се изградат четири, врзани во серија индивидуални куќи со висина од 10 метри (приземје + два ката + потпокрив).

Од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кисела Вода побараа вонредна седница на која ќе биде донесен мораториум за градба во Црниче и Пржино, но и ќе запрат и ќе се ревидираат сите сомнителни градби веќе отпочнати изминатиов период.

Парцелата каде ќе се градат четирите станбени куќи со вкупно 16 станови се наоѓа помеѓу две слепи и тесни улички „Пржино“ и „Кара Трифун“ со широчина од по 3 метри. На оваа локација претходно имало само една градежна парцела и на неа стара куќа.

Пред донесувањето на Деталниот урбанистички план за оваа четврт во мај 2016 година (од тогашното општинско раководство и одобрено од тогашниот состав на советот на општина Кисела Вода), сопственикот ја поделил парцелата на четири дела и затоа во ДУП-от се впишани четири маркици за четири објекти со висина од 10 метри или приземје, два ката и потпокрив.

Жителите велат дека со новите 16 соседи што би ги добиле со изградбата на овие објекти, уште повеќе ќе им се оптовари комуналната инфраструктура и пристапот до нивните домови и сметаат дека ако им затреба помош, ќе не можат да влезе возило на брза Помош или на Пожарна да интервенираат.

Овој случај мобилизира граѓани од други делови на Скопје кои преку социјалните мрежи изразуваат загриженост дека вакво нешто може да се случи и во нивните маала или општини.

– Ви текнува на приказната за плацот во Пржино на кој се градат четири згради среде маалските куќи и за ДУП-от што сложно си го изгласаа советниците на власта и на опозицијата во Кисела Вода? Епа, во меѓувреме дојдоа багерите, ги избркаа граѓаните кои очајнички си го бранеа своето уличе, своите куќи и плацеви и својот мир и потреба да живеат како луѓе. Не помина ниту една недела и се урна потпорниот ѕид кој е единственото што го држеше соседниот двор да не пропадне во дупката што ја ископаа багерите. Како ли му поминува вечерва на градоначалникот на Кисела Вода, авторот на генијалната изјава „ Пржино е пренаселено, ама има добра инфраструктура која дозволува уште да се гради“? Што ли ќе им соопшти утре на оние негови сограѓани на кои куќите им се загрозени од градбава – се само дел од коментарите на социјалните мрежи на загрижени граѓани од други делови на градот.

(С.Бл.) – Фото: Петр Стојановски