Се урна воен авион во Србија

68

Во околината на Лозница, стотина километри западно од Белград, кај селото Брасина изутринава се урна воен авион од типот „Миг-21“. Веста ја пренесоа српските медиуми а веќе се објавени првите фотографии.

„Авион на војската на Србија, МИГ-21 се урна утринава за време на извршување на редовна задача во село во близина на Мал Зворник“, соопшти српското Министерство за одбрана.

На самото место се испратени екипи за спасување и потраги, како и сите надлежни органи. Некои локални медиуми јавуваат дека загинал пилотот, но сѐ уште се чека официјална потврда за оваа информација.