Се уредува мини паркот на улицата „Фуштанска“

69

На улицата „Фуштанска”, во населбата Ченто, се уредува мини паркот каде што  се прави детско катче и фитнес-зона.

Од Општината Гази Баба информираат дека уредувањето кое се врши на барање на жителите оди со добра динамика и  се очекува деновиве да биде целосно завршено за граѓаните да имаат уште еден урбан простор за рекреација.