Се уредува корито на Поповјанска Река

69

Во Општина Кичево во тек е регулацијата на коритото на реката која минува низ селото Поповјани. Работите на речното корито се прават со цел да се регулира дотокот на вода во реката, да нема поплави, а околината околу речното корито да биде уредена.

– Деновиве започнавме со уредувањето на Поповјанска Река, која минува низ живописните предели на населбата Поповјани. Со регулацијата се спречува нејзино излевање при налетот на надојдените води од планината Добра Вода – изјави Бурим Кадриу од Општина Кичево.

Тој информира дека станува збор за регулација на Поповјанска Река од почетокот на населбата па сè до излезот. Финансиската конструкција за овој проект изнесува околу два милиона денари, средства обезбедени од буџетот на Општина Кичево.