Се уредуваат подземните водоводни и одводни системи во Македонска Каменица

20

Во Општина Македонска Каменица започна уредувањето на подземните водоводни и одводни системи. Во моментот, како што информираа од општината, во тек се градежни активности за изградба на атмосферска канализација во централното градско подрачје, во кои увид изврши градоначалничката Соња Стаменкова.

– Со ова решаваме еден огромен проблем на жителите од централното градско подрачје. Трајно ќе се уредат подземните водоводни и одводни системи пред да започне реализацијата на нови инфраструктурни проекти во овој дел од градот – рече Стаменкова.

Претходно почна изградбата на пристапни патеки на неколку улици во градот. Паралелно се гради паркинг простор и кратки пристапни патеки до колективните живеалишта во централното градско подрачје на Македонска Каменица.