Ставката одржување на зеленило удри по џебот на граѓаните. Колку повеќе пари ќе плаќаат скопјани за овој надоместок во „Водовод“ се уште не знаат. Велат дека се минимални (од 40 до 60 денари), а точно ќе знаат по анализите што ќе ги направат во наредните денови. Имено, надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води. Што значи, колку повеќе кубни метри вода има потрошено корисникот, толку поголема ќе биде сумата што ќе ја плати за одржување на градското зеленило. Станари од зграда на улицата „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода, веќе го осетија “новитетот” – ноемвриските сметки што ги добиле од „Водовод“ се повеќекратно повисоки од оние што ги плаќале изминативе месеци. Досега за вода плаќале од 200 до 600 денари месечно, а во сметката за ноември стои дека треба да платат 1.800 денари плус 320 денари за надомест за одржување на јавното зеленило или вкупно околу 2.400 денари!

Ноемвриските сметки од ЈП „Водовод и канализација“ што деновиве ги добија скопјани се повисоки од претходните месеци. Некаде се повисоки поради ставката од 19,5 проценти што треба да ја плаќаат корисниците за одржување на зеленилото во главниот град. Заклучно со октомври на сметките за вода имаше само ставки за потрошена вода и за ѓубрарина.

Од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје велат дека цената на водата не е зголемена, но сметките од ноември се повисоки поради овој надоместок кој во сметките е прикажан одделно од тарифата за водна услуга и тоа согласно барањето на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) и одлуките на Советот на Град Скопје со број 07-4610/1 од 31.10.2012 година и број 27-9978/1 од 28 октомври годинава.
Досега „Водовод“ го префрлал тој процент на ЈП „Паркови и зеленило“, но од сумата што корисниците ја плаќаа за потрошената вода, а овој процент отсега дополнително ќе го плаќаат.

Колку повеќе пари ќе плаќаат скопјани за овој надоместок во „Водовод“ сè уште не знаат. Велат дека се минимални (од 40 до 60 денари), а точно ќе знаат по анализите што ќе ги направат во наредните денови. Имено, надоместот за одржување на јавното градско зеленило се пресметува во висина од 19,5% од износот на тарифата за снабдување со вода за пиење и тарифата за собирање и одведување на урбани отпадни води. Што значи, колку повеќе кубни метри вода има потрошено корисникот, толку поголема ќе биде сумата што ќе ја плати за одржување на градското зеленило.

Па така, на сума од 300 денари за потрошена вода, за одржување зеленило Градот ќе наплаќа 58,5 денари. За сума од 1.000 денари, одржувањето на зеленилото ќе чини 195 денари. Сумите се многу повисоки за фирмите кои плаќаат индустриска вода.
За градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, не станува збор за покачени сметки за вода, туку за истите проценти што и претходно биле во сметките, но не биле изразени во видлива форма.

Од Регулаторна комисија велат дека ставките морало да се одвојат, но дека вкупниот трошок за вода кој го плаќаат граѓаните на Скопје е најнизок во целата држава.

Инаку, станари од зграда на улицата „Фредерик Шопен“ во Кисела Вода се пожалија дека ноемвриските сметки што ги добиле од „Водовод“ се повеќекратно повисоки од оние што ги плаќале изминативе месеци. Па така, ако досега за потрошена вода плаќале од 200 до 600 денари месечно, во сметката за ноември стои дека треба да платат 1.800 денари плус 320 денари за надомест за одржување на јавното зеленило или вкупно околу 2400 денари!

Ваквата разлика од „Водовод“ ја објаснуваат дека најверојатно претходните месеци била пишувана паушална потрошувачка на вода, а при последното читање на водомерот се утврдило дека се потрошени поголеми количини, па оттаму се и повисоките сметки. Ги повикуваат граѓаните да ги пријават ваквите случаи кај надлежните во „Водовод“.

Од „Водовод“ Скопје летово побараа од Советот на Град Скопје да им одобри да се коригираат цените на водата за пиење, одведување на отпадните води и за прочистување на отпадните води во 2019 и 2020 година. Со предлог-одлуката се предвидуваше цената на сметките за вода оваа година да остане иста, односно 29,39 денари за метар кубен, а поскапување за два денари за метар кубен се предвидуваше во 2019 односно 3,2 денари за метар кубен во 2020 година. Ова барање не го прифати градоначалникот Петре Шилегов со образложение дека „не се променило ништо за да ја менуваме цената на водата“.

Во јануари на дневен ред на Советот беше ставена точка со која се предвидуваше воведување на нова давачка за одржување на пречистителни станици која требаше да биде 2,4 денари за кубен метар која ја одреди РКЕ. Шилегов тогаш рече дека одлуката на Регулаторна била политикантска и затоа скопјани нема да плаќаат повисоки сметки за вода.
(С.Бл.)