Се убив од плачење кога слушнав за Клеј Томпсон

170

Новата сериозна повреда на Клеј Томпсон, поради која ќе ја пропушти втората последователна сезона, ја шокираше целата НБА лига, а особено неговите соиграчи од Голден стејт.

Еден од најпрецизните шутери во лигата ги повреди вкрстените лигаменти во финалето во 2019 година против Торонто, поради што не играше минатата сезона. Тој беше подготвен да ги започне подготовките на 1 декември, а потоа настрада ахиловата тетива на тренинг минатата недела, што значи одмор уште една целосна сезона.

  • Треба да сочувствувате со момче кое толку напорно работеше за да се врати, а потоа ова му се случи неколку недели пред да започнат подготовките. Не е лесно да се помине низ таква рехабилитација, но има уште многу време пред него во кариерата и ние ќе бидеме со него цело време, искоментира Стеф Кари во интервју за американските медиуми.

Двајцата кошаркари со години важеа за најдобриот шутерски тандем во во лигата. Томпсон ја пропушти целата минатата сезона, а Кари одигра само пет натпревари поради повреда на раката. На тоа додадете го заминувањето на Кевин Дурент, кој ќе ја пропуштеше целата сезона поради повреда, па „воините“ од доминантен тим кој играше во пет последователни финалиња се трансформираше во најлош тим во лигата.

Кари исто така се присети кога ја дознал новата ужасна вест за неговиот „брат“.

  • Ми се јавија генералниот директор Боб Мајерс и тренерот Стив Кер. Тој повик беше ужасен удар во стомакот. Имаше многу солзи. Јас навистина не знаев што да кажам. Но, ние ќе бидеме со него и се надевам дека тој ќе биде со нас за време на рехабилитацијата и дека ќе останеме поврзани. Тој може да се врати силен како порано. Ја сака кошарката толку многу што ќе стори сé за да се врати и да биде свој, додаде Кари.

„Воините“ веднаш ја пополнија дупката во тимот со доведувањето на Кели Обре, а на драфтот го избраа центарот Џејмс Вајзман. Ова се нивните две најзначајни аквизиции во новата сезона.