Ладниот туш може да биде и тоа како пријатен и освежувачки во врелите жешки денови. Но, постојат некои работи на кои треба да обрнете внимение за да ја заштитите вашата кожа, посебно ако се туширате секој ден.

„Нормалната здрава кожа содржи природен заштитен слој кој одржува рамнотежа на добрите бактерии и другите микроорганизими. Ако постојано миете и ја триете кожата, го отстранувате тој слој, посебно ако употребувате врела вода“- се наведува во студијата на Harvard Health.

Како резултат на тоа, вашата кожа може да стане сува, надразнета или може да се јави чешање. Сувата и испукана кожа овозможува бактериите и алергените да ја пробијат бариерата која инаку ја создава тој заштитен слој, и може да предизвикаат кожни инфекции и алергиски реакции.

На нашиот организам му е потребна одредена количина на микроорганизми и други честички на кои сме изложени во околината за да може да изгради соодветен имунолошки одговор. Поради тоа некои дерматолози и педијатри не препорачуваат децата да се бањаат секој ден.

Антибактерискиот сапун – заштита и опасност

Антибактерискиот сапун штити од штетни бактерии, но неговата честа употреба може да ги уништи и нормалните корисни бактерии. Тоа ја нарушува рамнотежата на микроорганизмите на кожата и поттикнува појава на сериозни организми кои се отпорни на антибиотици“, се наведува во студијата од Харвард.

Предолго туширање

Ако се туширате предолго, важата кожа и коса може да станат суви. Покрај тоа, лицата кои имаа атописки дерматитис или изразито сува кожа не би требало да се тушираат подолго од пет минути, истакнува дерматологот Лорен Плох.

Врел туш може да ја надразни кожата

Врелата вода може да го уништи природниот заштитен слој и брзо да ја оштети кожата. Поради тоа, препорачливо е да се туширате со ладна или со вода со средна температура. Кај некои лица е препорачливо да се тушираат со ладна вода и за да ја подобрат циркулацијата.