Се степале две пензионерки во Чаир по расправија за имот

127

МВР информира дека регистрирале нарушување на јавниот ред и мир од страна на две постари жени на територијата на општина Чаир.

-На 13.01.2022 во 15.20 часот на подрачјето на Чаир, по претходна расправија дошло до меѓусебна пресметка помеѓу Ф.К.(71) и Н.К.С.(67), двете од Скопје, на која претходела вербална расправија околу имотно-правни недоразбирања.

Сочинети биле записници за констатиран прекршок по чл.11 од ЗППЈРМ.