Се срамам поради тоа што му го направив на Меси

64

Клучниот натпревар во „јуришот“ на Ливерпул кон трофејот во Лигата на шампиони беше домашниот полуфинален дуел против каталонскиот гигант Барселона. Избраниците на Јурген Клоп ја бркаа негативата од 3:0, а посакуваниот пласман во финалниот натпревар беше обезбеден со историскиот триумф од 4:0.

Во еден контранапад Лионел Меси заврши на зелениот терен, а бесниот Енди Робертсон намерно го удри во глава аргентинскиот интернационалец. Главниот судија не ја виде таквата ситуација, а офанзивниот бек помина без никаква казна, иако Меси веднаш се пожали дека бил намерно удрен во главата.

Неколку месеци подоцна, репрезентативецот на Шкотска призна дека многу му е жал поради таквиот негов потег.

  • Искрено, многу ми е срам поради тој момент, не сакам да ја гледам снимката од мојот потег и не сакам да зборам за тоа. Тогаш правевме сè што можевме за да го сопреме и да обезбедиме пласман во финалниот дуел. Можеби тоа не беше убав потег, но тоа го направив за да му помогнам на мојот тим. Жал ми поради тоа што го направив, тоа не е во мој стил. Такво нешто да му се направи на најголемиот фудбалер кој некогаш играл… Го почитувам и него и Барселона, но тој натпревар го започнавме со намера да ја анулираме негативата од 3:0. Имавме потреба од чудо, моравме да го запреме најдобриот фудбалер во светот и тоа на секаков можен начин, изјави фудбалерот на Ливерпул.

ИЗВОР: GOAL.COM