Се создава најсилната фудбалска лига во светот

68

Европските фудбалски гиганти се седнати на преговарачката маса со челниците на ФИФА, а тема на дискусија е организацијата на Европската Премиерлига каде ќе играат најсилните клубови од најквалитетните пет светски лиги.

„Sky News“ открива дека станува збор за натпреварување во кое ќе бидат вложени околу 6 милијарди долари и дека раководните лица на Ливерпул и на Манчестер Јунајтед се тие кои моментално преговараа со челниците на ФИФА.

Освен петте преставници од англиската Премиер лига (заинтересирани се Манчестер Јунајтед, Ливерпул, Арсенал, Челзи, Манчестер Сити и Тотенхем), во новото натпреварување ќе играат и најдобрите клубови од Франција, Германија, Шпанија и Италија. Барселона, Реал (М), Атлетико (М), ПСЖ, Јувентус и Баерн (М) се веќе сигурни учесници.

Лигата би требало да има 18 клуба и треба да статува во 2022 година. Ќе се играат 34 натпревари, а предвидено е учесниците и понатаму да бидат дел од домашните шампионати. Најдобрите клубови ќе се пласираат во play-off и таму ќе биде одлучен шампионот.

Челниците во УЕФА не кријат дека се против ваквото натпреварување затоа што истото ќе ја ослабне Лигата на шампиони.

  • Ова е потенцијално најважниот настан во светскиот клупски фудбал и тоа во последните неколку декади, изјави за „Sky Sport“ неименуваниот извор кој работи на создавањето на Европската Премиерлига.

Европските гиганти со години и се закануваат на УЕФА со организација на едно вакво натпреварување, а преговорите со ФИФА и со спонзорите се најголемите чекори кои се направени околу организацијата на лигата во која ќе се натпреваруваат само елитните клубови.