Се собираат пари за Мбапе

80

Близок извор до таборот на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), откри дека раководните лица ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на најдобриот голгетер во дресот на францускиот гигант ПСЖ, Килијан Мбапе. „Кралскиот клуб“ планира да обезбеди околу 150 мил. евра од продажбата на неколку фудбалери и потоа заработената парична сума да ја инвестира во трансферот на Мбапе кој пак има договор со ПСЖ до 2022 година и не сака да ја продолжи соработката.