Се склопуваат коцките за адреналинскиот парк во Карпош

693

Во завршна фаза е детското игралиште, терените за фудбал и одбојка на песок во рамки на Спортско – адреналинскиот парк (кај Алпинистичката карпа).

– Следува засадување и на висококвалитетни дрвја, тревни површини, како и поставување на систем за наводнување и клупи за седење – информира градоначалникот на општина Карпош, Стефан Богоев.

Тој истакна дека детското игралиште и скејт паркот ќе бидат јавно достапни, а ќе се направи проценка дали ќе се наплатува за користење на адреналинскиот дел, фудбалското и одбојкарското игралиште.