Се санираат фасадите од зградите во центарот на Кавадарци

160

Локалната самоуправа Кавадарци почна со реализација на проектот за санирање на фасадите на колективните станбени згради во централното градско подрачје, што се утврдени како објекти од значење за општината.

– Во акцијата се опфатени вкупно 13 згради на кои ќе се врши интервенција за санирање, замена на олуците, како и крпење и фарбање на фасадите. Акцијата започна со зафат на дел од зградата на Домот на културата „Иван Мазов-Климе”. Ќе се интервенира и на задниот дел од фасадата на општинската зграда. При извршувањето на активностите, ќе бидат спроведени неопходните мерки на препазливост за заштита на граѓаните – соопштија од кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев.

За оваа намена општината ќе инвестира 5,3 милиони денари.