Се санираат ударни дупки и оштетувања на коловозите на скопските улици

107

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта” деновиве санираа ударни дупки и работеа на реконструкција на оштетувања на коловоз на скопските улици и на друга урбана опрема.

Поставени се нови и заменети оштетени столпчиња на улицата „Манапо“, кај Сити мол, санирани се ударни дупки долж булеварот „Александар Македонски“, во тек е реконструкција на велопатеката долж булевар „ВМРО“, кај поранешна Агромеханика, како и долж улицата „11 Октомври“, кај Тутунски комбинат Скопје, а во тек е поставување на темели и шахти за нова семафорска сигнализација на булевар „АСНОМ“, во Аеродром.

Екипите работат и на формирање џебови за контејнери долж улицата „Московска“, во Карпош, како и на одржување и контрола на веќе постоечката сигнализација и бележење на хоризонталната сообраќајна сигнализација.

Град Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја почитуваат поставената вертикална и хоризонтална сообраќајна сигнализација, прилагодувајќи ја својата брзина на движење според условите на патот.