Се санираат ударните дупки во Струмица

74

Општина Струмица почна со крпење на ударните дупки. Моментално се крпат дупките на булеварите и најфреквентните улици, а ќе продолжи и на останатите улици во градот и населените места.

Истовремено на повеќе локации во градот се прават нови и се реконструираат постојните тротоари.