Се санираат три основни училишта

107

Општина Карпош информира дека работи на реконструкција на тоалетите и подобрување на хигиенско-санитарните услови за најмладите во основните училишта „Лазо Трповски“ во Карпош 3 и „Владо Тасевски“ во Козле.

Како што се наведува во соопштението на локалната самоуправа, се врши замена на санитарните јазли и на други придружни елементи во тоалетите, а во основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“ во Карпош 1 се врши реконструкција на под на една училница, која повеќе години беше во лоша состојба.

– Подобрувањето на условите за престој и работа во образованието е еден од приоритетите на Општина Карпош. Паралелно, вложуваме и во раззеленување на училишните дворови. Токму „Х.Т. Карпош“ добива ново зеленило и стаклена градина, а поставен е систем за наводнување и нова тревна површина и во „Петар Поп Арсов“, во Карпош 4. Во овие моменти, активен е и јавниот повик за проекти во повеќе области во сферата на образованието, каде што можат да аплицираат физички и правни лица- информираат од Општина Карпош.