Се санираат оштетувањата на улиците во Ѓорче

57

Екипите на јавното претпријатие „Улици и патишта“ во рамките на големата пролетна акција во општина Ѓорче Петров денеска ги санираа оштетувањата на улиците: „Волковска“, „Лепенец“ и „Лука Геров“ во површина од 70 квадратни метри, како и оштетените бехатон плочи на пешачките патеки на улицата „Лука Геров“, во површина од 10 квадратни метри.

Како што информираат од претпријатието, на семафоризираните крстосници во општина Ѓорче Петров заменети се оштетените сенила на семафорите и тоа на крстосниците на улица „Ѓорче Петров“ со улица „Исаја Мажовски“, со улица „Македонски Војски“, улица „Сремски Фронт“ и на крстосницата со улица „Атанас Иљовски’.

Со почетокот на ноќното обележување во текот на изминатата ноќ обележани се такси станиците на булеварот „Партизански Одреди“ и на улица „Радушка“, а денеска во текот на вечерните часови екипите продолжуваат со машинското обележување на надолжните линии на улица „Ѓорче Петров“.

По налог на Град Скопје екипите продолжуваат со извршување на наредните активности на улиците и булеварите во општина Ѓорче Петров кои се предвидени за работа во рамките на пролетната работна акција.