Се родија во мај, а веќе живеат „царски живот“ во турска зоолошка градина

36

Три африкански лавови родени во мај во зоолошка градина во турскиот град Бурса се прилагодија на нивниот нов дом.

Овие младенчиња се наоѓаат во зоолошка градина основана во 1998 година, во која живеат околу 1.100 лица од 136 видови животни, и која годишно ја посетуваат околу милион луѓе.

Африканските лавови се на црвената листа на загрозени животни.

Младенчињата во Бурса имаат неделни здравствени прегледи и мерење на телесната тежина, а како и со хранењето, минималниот контакт се зема во предвид за да не се скроти.

Вработените во зоолошката градина ги хранат со мешавина од мелено говедско и млеко.