Се реконструира улицата „Салвадор Аљенде“

249

По барање на жителите на Центар кои живеат во населба Водно, општина Центар започна со првата фаза за реконструкција на улицата „Салвадор Аљенде”.

– На површина од 954 метри квадратни ќе биде поставен нов асфалт, улицата ќе биде комплетно нивелирана, а на жителите ќе им биде обезбеден нов реконструиран простор со хумани услови. Градежните активности на улицата „Салвадор Аљенде” ќе се изведуваат и во наредните 10 дена и затоа би сакал да апелирам до сите учесници во сообраќајот, како и до самите жители, да бидат внимателни при изведбата на теренските активности – информира градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ.

По завршување на оваа улица, како и улицата „Периша Савелиќ”, каде сеуште се одвиваат градежните активности, ќе започне реконструкцијата на улицата „Димитар Беровски” во населба Водно.