Се реконструира крак на улица „3“ во Визбегово

42

Од денеска започна целосната реконструкција на крак на улицата „3“ во населеното место Визбегово.

-Кракот на улица 3 во должина од 160 метри за прв пат ќе добие асфалт по машинското гребење и поставување на нов тампон. Ќе се постават и сливници на соодветни места со што ќе се надмине проблемот со поплавување на домовите при обилни дождови – соопштина од Општина Бутел и додаваат дека градежното лето се одвива со силна динамика. Запазени се сите рокови и ветувањата кон граѓаните.

Градежната офанзива продолжув и во останатите населени места кои што се опфатени со првата фаза.