Се реконструираат улици во населеното место Љуботенски пат

155

Општина Бутел почна со реконструкција на повеќе улици во населеното место Љуботенски пат.

Во завршна фаза е целосната  реконтрукцијата на  крак од улицата „30“, каде што е поставен  асфалт во површина од од 850 квадратни метри, со подигање и нивелирање на шахти. На крак „2“ од улицата „30“, поставен е асфалт со површина од 250 квадратни метри и на последната автобуска станица на автобусот со број 8 наскоро отпочнува реконструкција на патот со тампонирање, асвалтирање и поставување на атмосферска решетка. Проширувањето на патот ќе биде во  ширина од  четири  метри и должина од сто  метри. 

Во наредниот период следат повеќе активности предвидени за ова населено место како реконструкции на поголем број на улици и санирање на спортското игралиште  во ова населено место.